Ветераните Муние и Жиру го урнаа Марсеј (ВИДЕО)
Марсеј добро тргна и со голот на Итан Нванвери имаа предност по првите 45 минути, меѓутоа тоа на крајот не им беше доволно ниту за бод.
Вториот дел помина во знакот на Лил кој одигра одлично и успеа да направи пресврт. Херои беа искусните Муние и Жиру кои погодија во 49-та и 86. минута.
По овој пораз, Марсеј останува трет на табелата со 49 бодови, додека Лил е петти со два бода помалку.
На останатите средби во Франција денеска Монако славеше над Лион со 2-1, Париз го доби Ле Авр со 3-2, додека Рен и Мец ремизираа без голови.