По денешниот собир, избраниците на Гоце Седлоски на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ го одработија и првиот тренинг во подготовките за баражот против Данска.

Седлоски на располагање го имаше речиси комплетниот тим, отсуствуваа само неколкумина кои се очекува да пристигнат во текот на вечерта. Од новајлиите веќе се појавија Себастијан Херера, Имран Фети и Дени Мусовски, а тука е и Бобан Николов кој по подолго време повторно е во националниот тим.

Натпреварот против Данска за нас е еден од најважните во последните години и го играме в четврток на 26 март во Копенхаген, а ако се радуваме на победа во последната пречка за место на Мундијалот наредното лето ќе се соочиме со подобриот од втората пресметка помеѓу Ирска и Чешка.