Toтнем е ужасен, Нотингем ги посрамоти среде Лондон! (ВИДЕО)
Неверојатно е тоа што му се случува на лондонскиот клуб сезонава кој никако не успева да биде на потребното ниво и ако нешто брзо не се промени наредната сезона би можеле да ги гледаме во втората лига.
Денеска резултатот пред крајот на полувремето го отвори Игор Жесус и со еден гол предност гостите заминаа на пауза. Во второто полувреме ништо не се промени, гостите продолжија да бидат подобар противник на теренот и преку Гибс Вајт и Авонџи дојдоа до триумф од 3-0.
Во вториот натпребар Астон вила со победа од 2-0 над Вест хем ја продолжи борбата за место во Лигата на шампионите, за домаќините ова беше излез од кризата бидејќи немаа победа во претходните четири првенствени дуели.