Струга ја продолжи победничката серија, триумф над Пелистер во Битола! (ВИДЕО)
Пелистер продолжи со лошите резултати во вториот дел од сезоната, битолчани никако да излезат од зоната за испаѓање.
Денеска Струга беше фаворит и си замина со трите бода од Битола со по еден гол во полувремињата.
Струга беше подобра во првото полувреме, а таквата игра ја круниса со гол на Радески во 45. минута за водство од 1-0.
Во вториот дел Пелистер тргна офанзивно и почна да создава шанси, им беше поништен гол, а не беше признаен гол и на спротивната страна.
Конечните 2-0 ги постави Малески со гол во 87. минута.