Еден гол вреден три бода, Барса ја продолжи победничката серија! (ВИДЕО)
Барса беше голем фаворит против Рајо Ваљекано и можеби многумина очекуваа и поубедлива победа, но таа беше минимална со 1-0.
Клучниот момент се случи во 24. минута кога по асистенција од Кансело, Араухо постигна гол за водство кое на крајот се покажа и како конечен резултат.
Сега Барселона има седум бода повеќе од Реал Мадрид, но кралскиот клуб вечерва го игра својот меч од ова коло, тоа е градското дерби против Атлетико.