Седлоски ги пречека македонските репрезентативци од својот прв повик! (ФОТО)

Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски денеска во хотелот „Хилтон“ во Скопје ги пречекува фудбалерите кои ги повика за бараж мечот со Данска.

Дел од репрезентативците пристигнаа денеска, а Македонија ќе се комплетира утре кога ќе дојдат и оние кои денеска имаат клупски обврски.

На собирот се појавија и дебитантите Дени Мусовски, Имран Фетаи и Себастијан Херера.

Македонија против Данска игра на 26. март со почеток од 20.45 часот, мечот се игра во Копенхаген.