Поранешен косовски фудбалер го убил својот брат!?

Голема семејна трагедија се случила на Косово, поранешниот фудбалер, Jетмир Исуфи го убил својот брат Фарук Исуфи по расправија за имот.

Според информациите од Косово, убиството се случило во семејната куќа во село Бокшиќ. Двајцата браќа влегле во вербална расправија поради имотни недоразбирања. Се верува дека Jетмир пукал кон својот брат Фарук и му нанел повреди од кој подоцна починал во болница.

Фарук Исуфи е уапсен по налог на јавен обвинител и во моментов е во притвор.

„Жртвата е пренесена во Регионалната болница во Пеќ за медицински третман, но поради тешките повреди починала. Смртта ја констатирал дежурниот лекар“, соопштија од обвинителството.

Убиениот Фарук бил член на армијата за ослободување на Косово.