Шкендија е шеста најнедисциплинирана екипа во Лигата на Конференции на УЕФА (ФОТО)
Тетовци, сепак, настапот во ова натпреварување нема да го паметат само по победата над Слован Братислава како најзначајно остварување, туку и по фактот што се најдоа меѓу најгрубите тимови. Шампионот во моментов е шеста најнедисциплирана екипа во ЛК со 24 бодови, кои доаѓаат од добиените картони – 21 жолт и еден црвен, на последната средба од групната фаза на гости кај АЕК Лаарнака (0-1).
Убедливо најгруб тим е хрватска Ријека со 28 бодови меѓу кои се и два црвени картони, пред Фиорентина и Рајо Ваљекано, додека полска Јагелонија дефинитивно е најгрубиот тим со дури три црвени картони во осум меча.
