Лејкерс со луда тројка до деветти триумф по ред - и Хјустон победи со звукот на сирената (ВИДЕО)

Екипата на ЛА Лејкерс ја продолжи победничката серија во НБА и стигнаа до деветтиот триумф по ред, откако во драматична завршница славеше на гостувањето кај Орландо меџик (105-104).

Домашниот тим имаше водство од 104:99 во самиот финиш и беше на чекор до победата, но гостите од Лос Анџелес најпрво реализираа две слободни фрлања, а потоа добија и напад за целосен пресврт. Херој на мечот беше Лук Кенард, кој остана сосема сам на линијата за три поени и погоди тројка на само 0,6 секунди до крајот за голема победа на Лејкерс.

Драма имаше и на дуелот меѓу Хјустон рокитс и Мајами хит, во кој домаќините славеа со 123-122. Гостите од Мајами водеа со 100-89 во последната четвртина, но „ракетите“ се вратија во игра и во последниот напад стигнаа до победата. По промашувањето на Кевин Дурент, најснаодлив под кошот беше Амен Томсон, кој ја врати одбиената топка во кошот буквално со звукот на сирената.

Победничката серија ја продолжи и Оклахома сити тандер, која без поголеми проблеми славеше на гостувањето кај Вашингтон визардс и стигна до 11-ти триумф по ред.

РЕЗУЛТАТИ: Вашингтон – Оклахома 111-132, Шарлот – Мемфис 124-101, Њу Орлеанс – Кливленд 106-111, Орландо – ЛА лејкерс 104-105, Атланта – Голден Стејт 126-110, Хјустон – Мајами 123-122, Сан Антонио – Индијана 134-119, Далас – ЛА клиперс 119-131 (п), Јута – Филаделфија 116-126, Феникс – Милвоки 105-108.

ФОТО: X