Димитриевски со чудесна парада ја крена Шпанија на нозе - Ла Лига му се поклони! (ВИДЕО)

Валенсија вечерва оствари исклучително значајна победа на гостувањето кај Севилја, а македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски успеа да ја сочува својата мрежа (2-0).

Можеби резултатот ќе беше поинаков ако Столе немаше неколку фантастични интервенции, меѓу кои и онаа кога ја одбрани бомбата на Менди од далечина.

Одбраната на Димтириевски ја одбележа и Ла Лига на своите профили на социјалните мрежи, а некои отидоа дотаму што ја посочија како една од најатрактивните оваа сезона во шпанското првенство.