Кожув прв му го зеде скалпот на шампионот - на терен!
Се случи првиот реален пораз за актуелниот шампион оваа сезона, вкупно втор загубен меч, но претходниот беше со службен резултат од Ангели.
Кожув беше подобар противник, водеше речиси во текот на целиот меч. Во последната четвртина кога се решаваше победникот гевгелискиот тим имаше и највисоки 13 поени разлика, беше 73-60.
МЗТ Скопје се обидуваше да го сврти резултатот, но не успеваше, конечниот резултат гласеше 88-80 за Кожув.
Парвис со 24 поени беше лидерот на Кожув во денешната победа, одличен беше и Боуен кој имаше дабл-дабл учинок 16 поени и 13 скокови.
Најефикасен кај МЗТ Скопје беше Мекејден со 18 поени, Смит постигна 15, а имаше и 13 скокови.
Од овој термин се играше и дуелот меѓу Гостивар и Маџари. Домаќините победија со 20 поени разлика, беше 86-66.