Велбек ја продолжи кризата на Ливерпул (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул денеска доживеаја ново разочарување во Премиер лигата и во рамките од 31. коло беа поразени на гостински терен од Брајтон со 2-1.

Избраниците на Арне Слот одиграа уште еден натпревар во кој не беа на потребното ниво и не ја оправдаа фаворитската улога. Натпреварот донесе шанси и на двете страни, а резултатот беше отворен по 14 минута кога погоди Велбек.

Ливерпул со голот на Керкез на истекот на половина час игра дојде до израмнување и тоа беше резултатот со кој се замина на паузата.

Велбек одново на сцена стапи десет минути по почетокот на второто полувреме кога и вторпат ја погоди мрежата.

За Ливерпул ова беше и трет натпревар во низа во кој не успеаа да слават во претходните два загубија од Вулвс и ремизираа со Тотнем.