Ливерпул ита кон негативни рекорди - се најде помеѓу најлошите бранители на титулата!

Екипата на Ливерпул денеска дожовеа пораз на гости кај Брајтон со 2-1 и тоа беше вкупно десеттиот неуспех за актуелниот шампион сезонава во англиската елита.  

Ваквиот биланс секако е изненадување, ако се знае дека Ливерпул и сериозно се засили по освоената титула и сезона во која доминираше во англискиот фудбал. . 

Последен пат вакво нешто беше видено во сезоната 2017/2018, кога Челси. како бранител на титулата исто така имаше 10 порази. Освен нив, сличен пад на формата доживеаја и Лестер, повторно Челси, Манчестер јунајтед, Блекбурн. и Лидс.

Негативниот рекорд по број на порази меѓу поранешните шампиони го држи Лестер, кој по сензационалната титула во 2016 година во следната сезона претрпе дури 18 порази.