Кремонезе по 15 натпревари конечно победи во Серија А (ВИДЕО)

Eкипата на Кремонезе денеска по 105 дена и 15 натпревари без победа конечно успеа да слави во најсилното италијанско првенство.

Кремонезе на гостински терен ја изненади Парма запишувајќи триумф од 2-0. Победата гостите ја обезбедија со двата гола во второто полувреме.

Прво Малех во 54. минута го отвори резултатот, а потоа триумфот на 20-тина минути пред крајот го потврди Вандепуте.

За Парма ова беше четврти натпревар без победа во Серија А.