Од в година прволигашки фудбал ќе се игра само во викендите!

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ потврди дека од наредната сезона Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе се игра за време на викендите. 

Фудбалските фанови оваа сезона негодуваа дека дел од натпреварите се играат во работни денови, а тоа допринесува за мал број на публика на стадионите. Од наредната сезона ситуацијата ќе се промени.

„Имавме ситуации со четири натпревари од Скопје во ист ден...Сега календарот е густ затоа што следува Мундијалот инаку планот е да се игра само петок, сабота и недела. Токму затоа ќе се игра само викенд и еден или два натпревари сигурно ќе бидат ноќни. Можеби до некаде е тоа причината за малиот број на публика, меѓутоа не е главното затоа што немаше навивачи и минатите години. Наше е да работиме на начин на кој мислиме дека е исправно и да се надеваме дека ќе се полнат трибините. Од наредната сезона кога ќе бидат десет клубови, планот е да се игра само во викендите. Ќе има пет натпревари и ќе можат да се распоредат во повеќе термини вклучувајќи и мечеви под рефлектори“, рече претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.