Со новиот статут секој прволигаш ќе има член во собранието на ФФМ
По 15 години ФФМ го промени статутот по терк на УЕФА и ФИФА. За разлика од досегашниот систем во кој учествуваа делегати од Општинските сојузи, сега концептот на пополнување на делегатите ќе биде поинаков. Идејата е сите чинители на фудбалската игра да имаат директно учество во собранието.
„За првпат од осамостојување им се дава можност за учество на клубовите во собранието. Секој прволигаш ќе има можност да даде по еден делегат во собранието на ФФМ. Фудбалските клубови се чинители на фудбалот и ние им дадовме право на сите 10 прволигаши да имаат делегат. Само оние две екипи кои ќе испаѓаат ќе имаат флексибилни мандати. Ќе бидеме поделени на шест региони, секој регион ќе даде по шест делегати, здржуението на судии ќе има три делегати. Собранието ќе брои околу 50 делегати. Овој е статут кој е многу демократски, им дава можност на сите чинители на фудбалот да учествуваат во собранието“, рече претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.