Дончиќ води војна со бившата девојка поради двете ќерки
„ТМЗ“ пишува дека Дончиќ поднел документи во судот во Лос Анџелес и бара да се отфрли барањето на Анамарија за алиментација.
Причината е тоа што нема основа да се води спорот пред Суд во Калифорнија, затоа што таа со ќерките се наоѓа во Словенија.
Дончиќ исто така тврди дека во февруари поднел барање за старателство во Словенија, односно пред Анмарија да го поднесе своето барање во Калифорнија.
Словенецот дополнително тврди дека веќе ги покрива трошоците за нивните ќерки, двегодишната Габриела и четиримесечната Оливија и истакнува дека барањето на Анмарија е „јасен обид да се најде најдобар начин за искористување на големите износи за алиментација по кои Калифорнија е добро позната“.