Модриќ ќе прифати помала плата само за да остане во Милан

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ најверојатно ќе игра и следната сезона во Милан, откако во четвртокот беше одржан состанок меѓу играчот и спортскиот директор на „росонерите“, Игли Таре.

Модриќ ќе стави потпис на договор вреден четири ипол милиони евра плус бонуси, со што ќе му се намали платата за два милиони евра.

Хрватот треба да им помогне на помладите колеги со неговото искуство, како и да биде носител на играта во решавачки моменти следната сезона.

Искусниот хрватски репрезентативец оваа сезона настапи на 31 натпревар за „росонерите“, а притоа постигна два гола и три асистенции.