ПСЖ со покер во Ница се задржа на лидерската позиција (ВИДЕО)
„Светците“ вечерва славеа во Ница со 4-0 што е нивна највисока победа на гостински терен оваа сезона во Лига 1. Ница и шести пат по ред не успеа да дојде до триумф пред своите навивачи и сериозно го загрози својот прволигашки статус.
Убедливата победа на ПСЖ ја најави Нуњо Мендеш во 42. минута од пенал, Дуе зголеми на 2-0 на стартот на второто полувреме, но се беше готово кога во 61. минута Ница остана со фудбалер помалку поради црвениот картон на Јусуф. Во последните десетина минути Дро Фернандес и Зер Емери ставија точка на мечот.
ПСЖ остана со бод предност во однос на второпласираниот Ленс, но има и натпревар помалку кој ако го добие, може добро да се одлепи на врвот.