Верстапен издоминира со Мерцедес, па доби дисквалификација! (ФОТО)

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен заедно со тимските колеги триумфира на „Нирбургринг“ во рамки на серијата трки на легендарната патека, но потоа беше дисквалификуван поради тимска грешка.

Верстапен зад воланот на Мерцедес, заедно со колегите, запиша убедлив триумф, и тоа со речиси една минута предност во однос на најблиските ривали, меѓутоа радоста не траеше премногу долго.

Техничката комисија констатира дека тимот искористил седум сетови пневматици, иако биле дозволени само шест за време на денот на трката, по што Верстапен и колегите биле дисквалификувани.

Фото: Facebook/Mercedes-AMG Motorsport