Реал се врати од негатива во мадридското дерби и остана во игра за титулата (ВИДЕО)
По 45 минути игра Атлетико водеше кај својот градски ривал Реал, но „кралевите“ успеаја да го свртат резултатот во пеколното второ полувреме и со 3-2 да останат во игра за трофејот за кој очигледно ќе се решава во последните девет кола. Евентуален кикс на Реал вечерва ќе ѝ овозможеше на Барселона да отиде на шест или седум бода предност, но на крајот тоа не се случи.
Првиот удар на денешниот натпревар го зададе Лукман во 33. минута и со неговиот гол се замина на голем одмор. Реал го сврте резултат за само три минути, израмни преку Винисиус од сомнителен пенал, а поведе со голот на Валверде кој игра во животна форма. Кога се чинеше дека отпорот на Атлетико е скршен, дојде евроголот на Молина, но победата на Реал му ја донесе Винисиус со голот во 72. минута.
Во финишот Реал остана без Валверде кој доби црвен картон, Алварез ја погоди пречката, а и Сорлот имаше голема шанса, но резултатот не се смени. По репрезентативната пауза, за две недели Атлетико ќе ја пречека Барселона, додека Реал без Валверде ќе оди кај Мајорка која води грчевита борба за опстанок.