Интер си игра со оган - трет кикс по ред и Милан веќе е на минус шест (ВИДЕО)
Со тоа му овозможи на Милан да се доближи на само шест бода разлика, на осум кола пред крајот на сезоната во Серија А. Еспозито го отвори резултатот уште во првата минута и долго време се чинеше дека тој гол ќе му биде доволен на Интер за да ги освои трите бода вечерва.
Сепак, во 77. минута Ндур израмни на 1-1 и тотално го шокира лидерот на табелата. Во судиското продолжение Аканџи и Еспозито имаа изгледни шанси за гол, но нивните удари ги одбрани Де Геа кој се претвори во јунак на Фиорентина.
„Виолетовите“ сега имаат два бода повеќе од првиот тим во опасната зона, но сепак им претстои грчевита борба за опстанок во елитата.