Бомба каква ретко се гледа: Молина ја скина мрежата на Реал (ВИДЕО)

Фантастично второ полувреме се игра на Бернабе каде се среќаваат Реал и Атлетико, постигнати се четири гола, а победникот се уште не може со сигурност да се прогнозира.

Реал направи пресврт за три минути, но шоуто го украде аргентинскиот фудбалер Нахуел Молина со евроголот во 66. минута.

Доби топка на околу 25 минути од голот на Реал и распали, а неговиот удар заврши во горниот десен агол, па Лунин беше немоќен да интервенира.