Станиќ: Против Италија и Ерменија да одиграме храбро без преценување и потценување!
Прво на 26 март во Емполи ќе играме против Италија, додека пет дена подоцна ќе се соочиме со Ерменија во Ераван.
„Нè очекуваат две исклучително тешки гостувања, но тоа е реалноста во овој квалификациски циклус. Направивме одредени промени и го подмладивме тимот со фудбалери кои ќе бидат носители и во следниот циклус, но и со играчи кои верувам дека веќе сега можат да одговорат на барањата.
Клучно ќе биде да одиграме дисциплинирано, одговорно и борбено. Мора да ги сведеме на минимум индивидуалните грешки што досега скапо нè чинеа и да извлечеме максимум од двата натпревари. Очекувам храбар пристап, без преценување или потценување на противникот, со фокус на нашата игра“, изјави селекторот Станиќ.
Македонија по шест натпревари во групата има само една победа против Ерменија од 2-1 во Битола, додека на останатите средби бевме поразени.