Брегалница доби нов претседател кој веднаш се фатил за работа
Клубот преку социјалните мрежи информираше дека раководењето на клубот го презема Ангел Бојаџиев за кого како што велат веднаш преземал конкретни чекори.
Исто така Брегалница информираше и дека влезот за натпреварот против лидерот во ВМФЛ, Охрид кој се игра в сабота под рефлектори ќе биде бесплатен.
Г-дин Ангел Бојаџиев го превзема кормилото на клубот. Комплетно се мобилизираат сите чинители во клубот со цел уште подобро функционирање на колективот. Веднаш на стартот, се превземаат инфраструктурни активности за подобрување на теренот и стадионот комплетно. За натпреварот со Охрид, кој во сабота ќе се одигра под рефлектори, влезот за сите љубители ќе биде слободен!