Само еден клуб уште сега си обезбеди место во ЛШ за наредната сезона

Актуелната сезона во Лигата на шампионите полека влегува во самата завршница, а само еден клуб уште сега и математички го обезбеди местото во елитата за следната сезона.

Станува збор за Барселона која вчера на свој терен со 1-0 славеше над Рајо Ваљекано и овие три бода беа доволни за каталонскиот гигант веќе и официјално да се смета за првиот учесник за наредната сезона во најсилното европско клупско натпреварување.

Во актуелната Барселона и понатаму има шанси за трофејот и во четвртфиналето ќе боди битка со Атлетико Мадрид.

Ќе потсетиме, со новиот формат во Лигата на шампионите веќе не гледаме групна фаза и во првиот дел 36 екипи се натпрерваруваат во лигашки систем.