Драма на небото: Се расипал авионот на кошаркарите на Црвена Звезда

Кошаркарите на Црвена Звезда доживеале голема драма на летот за Милано, каде што треба да играат натпревар од Евролигата со Олимпија.

Во текот на летот од Белград било констатирано дека авионот има дефект, па се вратиле во главниот град на Србија.

Авионот, кој требало да полета во 18.15 часот доцнел 15 минути, но над Бањалука било констатиран проблемот, по што кошаркарите морале да чекаат истиот да биде поправен и полетале кон Милано во 20.21 часот.

Мечот меѓу Олимпија и Црвена Звезда се игра утре од 20.45 часот во Милано.