ЦСКА Москва си договори засилување од НБА-лигата

Драган Бендер, по три години поминати во НБА-лигата, се враќа во Европа, кадешто ќе настапува во редовите на ЦСКА Москва.

Овој 21-годишен кошаркар во 2016 година беше избран од Феникс Санс како четврти пик на НБА-драфтот, а претходно настапуваше а Макаби Тел Авив.

Бендер во своите три сезони во НБА-лигата одигра вкупно 171 меч, а во просек постигнуваше по 5,3 поени, 3,8 скокови и 1,2 асистенции по меч.