ЦСКА Москва ја декласираше Барселона на стартот на Евролигата

На отворањето на новата сезона во Евролигата, ЦСКА Москва на домашен терен ја декласираше Барселона со 95-75.

ЦСКА одлично го почна дуелот во Москва, па по првата четвртина имаше предност од 21-17, а до крајот на полувремето нивната предност порасна до 51-29.

Барселона второто полувреме го почна подобро од домаќините, па го намали резултатот на 69-58, но тоа беше сè посериозно што успеаа да направат Каталонците, бидејќи руската екипа заигра многу поквалитетно во продолжението и стигна до триумф од 95-75.

Најдобар стрелец кај домаќините беше Кори Хигинс со 19 постигнати поени, а кај Барселона најефикасен беше Кајл Куриќ со 15 постигнати поени.