Црвена звезда загуби од најслабиот тим во Евролигата!

Црвена звезда е сѐ подалеку од пласман во плејфот од Евролигата, црвено-белите денеска беа поразени на гостувањето кај Алба Берлин со 89-80.

Алба Берлин мечот го почна од последната позиција на табелата, но успеа да ја надигра Црвена звезда и да ја забележи петтата победа оваа сезона.

Изедначено беше само во првата четвртина, потоа Алба се разигра, а Црвена звезда немаше решение за домаќинот. Германскиот тим водеше и со 22 поени разлика, беше 70-48. Во финишот од мечот српскиот тим успеа да дојде до -5, но не и да направи пресврт, конечниот резултат беше 89-80.

Најефикасен кај Црвена звезда беше Матеус со 20 поени, Гидриаитис постигна 15, кај Алба Томас реализираше 19 поени.

Во другите денешни мечеви од Евролигата: Фенербахче - Виртус Болоња 88-75, Макаби Тел Авив - Панатенаикос 90-75, Баерн - Лион 64-76, Реал Мадрид - Олимпијакос 90-85.