Ц. Звезда му нуди 1,8 милиони евра на бивш НБА-кошаркар

Српскиот гигант Црвена Звезда наводно му понудила 1,8 милиони евра на поранешниот кошаркар на Денвер нагетс и Далас маверикс, Факундо Кампацо.

„Еурохупс“ објави дека српскиот тим сака да го ангажира искусниот кошаркар, а притоа му нуди голема плата, но и да исплати дел од долгот кој Аргентинецот го има кон Реал Мадрид.

Доколку Реал Мадрид реши да не испрати иста понуда како Ц. Звезда, тогаш Кампацо без проблеми би можел да го облече дресот на „црвено-белите“.