Барселона го растури Фенербахче за скок до лидерската позиција во Евролигата

Вечерва беа одиграни два меча во Евролигата, а најголемо внимание привлече средбата меѓу Барселона и Фенербахче, која ја доби каталонскиот тим со 89-63.

Барселона уште во првата четвртина покажа дека е фаворит во дуелот, па истата ја доби со 25-15. Фенербахче не можеше да му парира на противникот ниту во втората четвртина, па Каталонците на паузата меѓу полувремињата заминаа со водство од 44-30.

Турскиот тим имаше кошмарен старт и на второто полувреме, откако ја загуби третата четвртина со убедливи 10-23, па до крајот на мечот Барселона рутински одигра и славеше со 89-63.

Најдобар во победничкиот тим беше Кори Хигинс со 22 постигнати поени.

На вториот меч вечерва Басконија во финишот го скрши отпорот на ЦСКА Москва и победи со 80-70.