ТФТ остана во игра за место во плејофот по триумфот над Феникс

ТФТ Скопје славеше со 58-76 против Феникс како гостин во рамки на 9.коло во кошаркарската Суперлига. 

За тимот од скопската населба Тафталиџе ова беше важен триумф во борбата за место помеѓу првите четири тима на табелата, односно за пласман во плејофот. На полувремето ТФТ имаше водство од 32-46. Во третиот период домашните се разиграа и по серија од 9-0 намалија на 41-46. Последната четвртина донесе израмнување 56-56, но кошаркарите на Феникс како тука да го завршија натпреварот и до крајот постигнаа само два поени и дозволија ТФТ да го наполни нивниот кош за конечни 58-76.

Страхил Николов со 17 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, кај Феник Марин Петков постигна 15 поени. 

ТФТ привремено е на 3.место на табелата во Суперлигата со 48 бодови или ефект од 17 победи и 14 порази, но со натпревар помалку од Гостивар и Еуроникел, кои имаат ефект од 17-13.