
Самарџиев: Срам ми е - дојдовме како туристи, а МЗТ ни одржа лекција по кошарка!
Тренерот на центарци, Горан Самарџиев, беше брутално самокритичен по средбата.
„Срам ми е, дојдовме како туристи во Гевгелија, без жар и желба за победа. Ја преземам одговорноста за поразот, можеби јас не ги тренирам и подготвувам добро. МЗТ ни одржа лекција по кошарка и покажа дека е најсериозен кандидат за трофејот“, изјави Самарџиев.
Натпреварот беше израмнет само во првата четвртина, по што тимот од Аеродром целосно ја презеде контролата и го наметна своето темпо. Аеродромци, кои го бркаат 13-тиот трофеј во ова натпреварување, во утрешното полуфинале ќе ги одмерат силите со Пелистер.