Кошаркарите на Работнички запишаа уште една победа во Првата лига, откако вечерва триумфираа против Феникс со убедливи 98-69.

Работнички беше екстра мотивиран во овој дуел поради поразот од Феникс на 2 декември минатата година, па уште во првото полувреме ја најавија победата (48-38).

Феникс во вториот дел го загуби ритамот и му дозволи на Работнички да продолжи да го полни неговиот кош до конечни 98-69.

Шошкиќ постигна 19 поени во победничкиот состав, додека Димитриев со 12 поени беше најдобар кај Феникс.