КФМ ги одреди кандидатите за најдобри во 2022, за нив ќе гласа буквално - кој сака!

Кошаркарската федерација на Македонија традиционално, пред влезот во последниот месец од годината, ги објави листите со по три кандидати за епитетот најдобар за 2022 година и тоа во 18 различни категории, а за кои ќе може да гласа буквално – кој сака.

Според информацијата од Куќата на кошарката, „во гласањето за избор на најдобрите во кошарката во 2022 година ќе учествуваат сите клубови во сениорските и во младинските лиги, членовите на Здружението на кошаркарските тренери, претставниците на Судиската комисија при КФСМ, медиумите и – фановите“. Ова е малку нејасен дел, бидејќи не е објаснето како ќе се вреднуваат гласовите, односно дали ќе има посебно бодување за секој од споменатите гласачи и гласовите на секој клуб, тренер или медиуми ќе биде сметан поединечно и ќе вреди исто како и гласот на само еден навивач.

Инаку во конкуренција за најдобар кошаркар во домашното првенство се Војдан Стојановски, Бојан Крстевски (МЗТ Скопје) и Александар Костовски, додека во игра за најдобар тренер се Александар Петровиќ (МЗТ), Марјан Илиевски (Пелистер) и Боро Смилковски (ТФТ). Најсигурни за прогнозирање се изборот на Емил Рајковиќ за најдобар тренер во странство и на Ненад Димитријевиќ за најдобар интернационалец со оглед на огромната разлика во однос на конкуренцијата.

Целата листа предлози погледнете ја ТУКА.