Илиевски: Играчите се надминаа себе си, горд сум како се бореа до самиот крај!

Прво, па машко за кошаркарите на Блокотехна и тоа против голем противник кој состави одличен тим и врза две големи победи на регионална сцена, што секако донесе радост кај тренерот на екипата, Марјан Илиевски.

Гевгеличани го изненадија МЗТ Скопје и најавија дека и сезонава тргнуваат по истите стапки како и во минатата, кога како дебитанти стигнаа до три полуфиналиња и со право беа потенцирани како најпријатно изненадување.

„Денеска моите кошаркари се надминаа себе си, ептен сум горд на начинот на кој го одиграа натпреварот и се бореа до самиот крај. Триумфот дојде и покрај тоа што дел од новите играчи сѐ уште не се целосно влезени во системот, а и претходно не играа на вакво нивоп со оглед што настапуваа во екипи кои се бореа за опстанок. Но, ова е само прво коло и погрешно би било да се создава некаква еуфорија иако секогаш е добро на ваков начин да се почне првенството“, вели Илиевски.

Блокотехна во следното коло ќе му гостува на Фени иднустри.