Гостивар го декласира Кожув и обезбеди место во плејофот

Гостивар денеска немаше милост за Кожув и славеше со убедливи 104-83 во 21. коло од Првата лига, со што си обезбеди место во плејофот.

Кошаркарите на домашниот тим создадоа предност од 15 поени во првото полувреме (51-36), а Кожув во продолжение од средбата не успеа да му парира на ривалот.

Вилијамс постигна 25 поени, додека Инграм запиша 24 поени во победата на Гостивар, додека Милер беше најефикасен кај Кожув со 25 поени.