Големо засилување во „Градски парк“: Кристијан Николов потпиша за Работнички!

Работнички продолжува да го засилува ростерот пред новата сезона, а најново име во тимот е македонски репрезентативец Кристијан Николов.

Од скопскиот клуб официјално потврдија дека Николов е нов член на Работнички и треба да претставува сериозно засилување за бековските позиции.

Станува збор за кошаркар со богато меѓународно искуство, кој во текот на кариерата настапуваше за повеќе европски клубови, а во изминатите години беше и еден од препознатливите членови на македонската репрезентација.

„Со својата борбеност, лидерски квалитети, кошаркарско искуство и способност да придонесе на двете страни од теренот, Николов треба да донесе дополнителна стабилност во играта на Работнички. Со ангажманот на Кристијан Николов, Работнички добива искусен и квалитетен македонски репрезентативец, кој треба да биде значаен дел од тимот во новата сезона“, соопшти Работнички.

Фото: Работнички/Instagram