Голема драма во Битола: Работнички дури по две продолженија го „искачи“ Пелистер!

Кошаркарите на Работнички извојуваа тешка победа на гостувањето во Битола, откако после две продолженија славеа над Пелистер со 115-110.

Домаќините одиграа одличен натпревар против поранешниот шампион и по првото полувреме имаа водство од десет разлика (54-44). Но, Работнички со оддлична игра во двата правци (напад-одбрана) во третата четвртина успеа да го сврти резултатот во своја корист, поведувајќи со 73-67. Сепак, домаќините не се откажаа и со серија од 12-0 поведоа со 79-78. На 30 секунди до крајот на натпреварот, Кирил Николовски погоди тројка и го израмни резултатот на 94-94 , а во следниот напад Думиќ промаши отворен шут за два поени, по што следуваше продолжение од пет минути. Ниту првото продолжение не го даде победникот на овој меч откако и двете екипи запишаа по десет поени. Сепак, во второто, Работнички тргна фуриозно и со серија од 8-0 „избега“ на 112-104, што на крајот се покажа како клучна за победа од 115-110.

Феноменална партија во победничкиот тим одигра Хејден Лескол со 43 поени, Данило Мијатовиќ запиша 23 коша, додека на спротивната страна одлични беше триото Думиќ-Мекиќ-Зекири кои забележаа вкупно 65 поени.