Драма во Гевгелија: Гостивар водеше со плус 17 па едвај го победи Кожув!

Денеска во 12. коло од македонската Суперлига беа одиграни три натпревари, а најинтересен беше тој во Гевгелија, кој го доби Гостивар против Кожув со 78-73.

Мечот беше израмнет на самиот почеток, а првата четвртина ја доби Гостивар со 19-18. Во продолжение од мечот, Гостивар заигра многу подобро од гевгелискиот тим, па на полувреме замина со 15 поени предност.

Гостивар продолжи со одличната игра и во третата четвртина, но од +17 стигна на шест поени предност, откако Кожув го засили темпото и го намали водството, но сепак немаа сила за пресврт, па Гостивар победи со 78-73.

Кај Кожув најефикасен беше Девонт Вилијамс со 20 постигнати поени, додека кај Гостивар најдобар беше Александар Костовски со 23 поени.

Драматично беше и во Куманово, каде што домаќинот успеа да го победи Вардар со 73-65.

Тимот на Куманово одлично го одигра првото полувреме, па на паузата замина со водстсво од 35-26. А во третата четвртина зголемија и на 53-40, но Вардар успеа да се врати во последната четвртина, барем за момент, кога се приближи на два коша разлика (65-67), но Куманово во финишот одигра подобро и го доби натпреварот со 73-65.

Во првиот меч, кој се одигра од 14 часот, Фени Индустри беше подобар од Пелистер со 90-86.