Чаирчани „изгореа“ на гости кај шампионот во Аеродром
Скопските екипи понудија возбудлива игра во првото полувреме, кое му припадна на актуелниот шампион со 33-28, по што следеше распад-систем на гостинскиот состав.
Чаир во третата четвртина постигна само пет поени, а тоа беше скапо платено затоа што МЗТ постигна дури 32 поени и создаде водство од +32 (65-33).
Гостите во последната четвртина немаа сила да направат изненадување и сензационално да се вратат во натпреварот, па загубија со 58-91.
Најефикасен во победничкиот тим беше Душан Танасковиќ со 21 поени, четири скокови и една асистенција, додека во редовите на Чаир по 10 поени постигнаа Реџа, Мустафица и Мофит.
Работнички во драматичен натпревар и одлична последна четвртина го урна Кожув со 90-94. На останатите два натпревари, Еуро Никел беше подобар од ТФТ Скопје со 66-65, додека Гостивар загуби од Академија ФМП со 90-92.





