Блокотехна се прошета до Чаир и го прегази Шкупи со 49 разлика

Блокотехна се прошета денеска до скопската општина Чаир, па безмилосно го прегази Шкупи со 49 разлика (102-53) во првиот меч од 15-то коло во Првата кошаркарска лига.

Чаирчани имаа сила барем малку да пружат достоинствен отпор во првата четвртина, кога имаа само три поени негатива (18-21), а потоа разликата во квалитет се покажа на дело, па до крајот само неизвеснот имаше со колкава разлика ќе победат гевгеличани. А, тие во второто полувреме за две четвртини примија само 20 пени, а дадоа дури 52, со што практично и ја направија големата разлика за убедливиот триумф.

Колев со 20 поени беше најефикасен за Блокотехна, Глигоријевиќ даде 17 со 13 скока, а Делипетров погоди 12. Ова беше 12-та победа во 14-от меч сезонава за Блокотехна.