Mozzart доби ново признание за хуманост – Благодарница од Општата болница Гостивар „Ферид Мурад“ за регионалниот лидер во приредување игри на среќа
Регионалниот лидер во приредување игри на среќа, овојпат доби благодарница од Општата болница во Гостивар „Ферид Мурад“
Средствата кои компанијата ги донираше на барање од болницата, беа од голема помош за реконструкцијата на педијатриското одделение кое не е обновено откако е за прв пат отворено во 1988 година.
Директорот на болницата Илбер Адеми, изрази голема благодарност до Mozzart, за несебичната помош и поддршка која ја добиле од компанијата за целосно нов лик на педијатриското одделение.
„Со помош на повеќе донатори се набави мебел, бироа, гардероби, детски кревети, завеси, кујна, телевизор и медицинска опрема. Украсувањето на просториите и ѕидовите со цртежи го направија учениците од гостиварското техничко училиште. Овој капитален проект ги исполнува сите услови и современи стандарди и личи на европско одделение. Голема благодарност до Mozzart што без двоумење се одзва на нашето барање и помогна во реконструкцијата на одделението“, истакна директорот на болницата, Илбер Адеми.
Лидерот во приредување игри на среќа до сега има добиено голем број признанија за својата хуманост.
Списокот на добри дела на компанијата вклучува помош во борбата против ретките болести,опремување на здравствените установи,инвестирање во спортот од аматерски до професионални клубови, инвестирање во културата, поддршка на жените кои се жртви на семејно насилство и многу други.
Се одговара на сите барања, се помага секаде каде тоа е најпотребно.
Со истото темпо, Mozzart продолжува и понатаму.