Се запали авионот на американската супер-ѕвезда: Цело семејство во болница! (ВИДЕО)

Ѕвездата во НАСКАР, Дејл Ернхард Јуниор, и неговото семејство преживеаја авионска несреќа, а според последните информации, сите членови се префрлени во болница и се надвор од животна опасност.

Вчера во Бристол, во американската сојузна држава Тенеси, се урна авионот во кој беа Ернхард Јуниор, неговата сопруга Еми и едногодишната ќерка Исла, како и двајцата пилоти.

„Кесна Ситејшн“ се запали на пистата по слетувањето на општинскиот аеродром Елизабеттаун во Тенеси во 3:40 часот по локално време. Во тек е истрага за да се утврди поради што се случила несреќата, потврдија од канцеларијата на Шерифот на округот Картер.

Веднаш по несреќата, Кели Ернхард, потврди на Твитер дека нејзиниот брат заедно со семејството биле во авионот.

Можам да потврдам дека Дејл, Ејми и Исла заедно со двајцата пилоти попладнево имаа судир во Бристол. Сите се безбедни и однесени во болница на прегледи. Ние во моментов немаме никакви други информации, ви благодарам за разбирањето, напиша Кели.

„Фокс Њуз“ открива дека авионот е регистриран на ЈР Моторспорт, екипата на Ернхарт. Во авионот било и кучето на семејството.

Досега е објавено дека Ернхард бил примен во болницата со полесни повреди и дека сите ја преживеале несреќата, но не е прецизирано каква е нивната состојба.

Дејл Ернхарт е син на легендарниот татко со истото име, кој во 2001 година почина во судир во последниот круг на славната трка Дејтон 500.