Расел најбрз во квалификациите пред трката во Сингапур

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел денеска беше најбрз на квалификациите пред трката за Големата награда на Сингапур.

Расел оствари време од 1:29.158 со што заврши пред актуелниот шампион Макс Верстапен и Оскар Пјастри.

По првата тројка ќе тргнат уште и Кими Антонели, Ландо Норис, Луис Хамилтон, Шарл Леклер.

Фото: EPA Photo