Раиконен брутално го исмеа Хамилтон на „Инстаграм“ (ФОТО)

Кими Раиконен на својот официјален „Инстаграм“-профил објави интересна фотографија со која го исмеа актуелниот светски шампион Луис Хамилтон. 

Финецот објави две фотографии, една на Џејмс Хант, шампионот од 1976 година и една на Хамилтон од изминатиот викенд на Муџело кога се појави со необичен стајлинг.

„Еволуција на возач во Формула 1“, напиша кратко возачот на Алфа Ромео. 

Џејмс Хант беше познат плејбој во седумдесетите години, кога Формула 1 имаше огромна популарност. Алкохолот му беше втора најголема љубов, по тркањето. Британецот почина во 1993 година, а по пензионирањето од Ф1 работеше и како коментатор.