Оливеира ја освои Каталонија, Квартараро остана без подиум! (ФОТО)

Возачот на КТМ Рејсинг, Мигел Оливеира триумфираше на седмата трка сезонава во Мото ГП шампионатот, а тоа е трката за Големата награда на Каталонија.

Португалецот стигна до првата победа сезонава, а трета во кралската класа, по што следеше Жоан Зарко на второто место, а третопласиран е Џек Милер од Дукати, иако Фабио Квартараро мина трет низ целта, но Французинот беше казнет со три секунди по завршување на трката.