Неверојатен пресврт на повидок: Салах останува во Ливерпул!?

Навивачите на Ливерпул имаат причина да бидат среќни. Мохамед Салах ќе остане на „Енфилд“, и покрај гласините за неговото заминување од клубот во последните недели.

Египетскиот репрезентативец беше на работ да го напушти клубот, а многу медиуми тврдеа дека заминувањето е практично неизбежно. Секако дека имаа и причини за тоа бидејќи навивачите на Ливерпул му приредија збогување на последниот натпревар на домашен терен на кое беа присутни дури и неговите ќерки.

Сепак, ситуацијата оттогаш целосно се промени по неочекуваните случувања во „црвените“. Заминувањето на Арне Слот промени многу планови во клубот и отвори простор за нов исход во врска со иднината на една од најголемите ѕвезди на тимот. Раководството на клубот веднаш реагираше и влезе во итни разговори со агентот на Салах, Рами Абас Иса.

Овие преговори доведоа до целосен пресврт, а двете страни успеаја да најдат заедничка основа. Според информациите од Англија, Египќанецот донел конечна одлука да ја продолжи кариерата во дресот на познатиот англиски клуб. Ова значи дека тој ќе го дочека крајот на претходно продолжениот договор и ќе продолжи да го предводи нападот на „црвените“.

Со текот на годините, Салах прерасна во еден од најважните играчи во модерната историја на Ливерпул, а со своите голови и трофеи, тој го заработи статусот на миленик на навивачите. По бројни шпекулации и различни сценарија, сагата веројатно е завршена, а Мохамед Салах ќе продолжи да го носи дресот на Ливерпул во наредниот период.