Манчини си замина од Катар за да ја спасува италијанската репрезентација
Такво нешто се шпекулираше уште откако Италијанците не успеаја да се пласираат на Светското првенство и Џенаро Гатузо си поднесе оставка. Манчини веќе имаше преговори со раководството на Фудбалската федерација на Италија и останува само да стави потпис на договорот.
Тој беше селектор на „аѕурите“ од 2018 до 2023 година и во тој период ја освои титулата на Европското првенство во 2021, но не успеа да ја однесе Италија на Мундијал. „Виновник“ за тоа беше Македонија која во бараж натпреварот во Палермо славеше со 1-0, со голот на Александар Трајковски. Италијанците не се пласира на Светско првенство од 2014 година, па Манчини ќе има тешка задача пред себе да го прекине тој тренд и во 2030 да ја однесе селекцијата на најголемиот фудбалски собир.